ТАЖНА вест ја погоди Македонија: Беше омилена на многу, почивај во мир Виолета

Тажна вест споделија од колективот на ООУ „Наум Охридски“.

Со голема тага ја примиле веста за смртта на нивната драга колешка Виолета Ѓорѓиевска, наставник по музичко образование.

„Нејзината посветеност, професионалност и човечност ќе останат трајно врежани во спомените на сите кои имаа чест да работат и да се дружат со неа. Зад себе остави неизбришлива трага во нашето училиште и во срцата на учениците, колегите и пријателите“, пишува во објавата.

Во овие тешки моменти, нејзините колеги изразуваат искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските.

„Нека почива во мир, а споменот за неа нека живее вечно“, порачуваат тие.