Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавуваат сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Од УХМР посочија дека локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 15 степени Целзиусови. Максималните ќе бидат во интервал од 24 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.