ОГРОМНА ТАГА: Почина Ирена, познатата водителка на емисијата „Версус“

Тажна вест се споделува по социјалните мрежи. Почина Ирена, водителката на некогашната емисија „Версус“.

Се огласи Игор Филевски, со кого заедно ја водеа емисијата.

-Штотуку ја дознав веста која првично не сакав да е точна, а потоа не сакав ни да ја прифатам како точна, но немам веќе избор сем да ја прифатам празнината од заминувањето на личноста која беше еден дел и од моето обликување низ медиумите.

Ирена, драга моја Иренке Версус, нека ти е широко небото и вечен Мирот каде и да си сега… А Версус на А1 телевизија, немаше ни да почне ако не беше Ирена, нејзината енергија, нејзината милост, нејзиниот капацитет и интелект. Од емисија во емисија се редеа нашите За и Против, нашите спротивставени ставови, во еден концепт и со една цел. И успевавме, заедно и единствено. Прв проект и првото шоу од кое направивме препознатлив бренд на македонските медиуми во тоа време кога сите тие тогаш беа во зародиш, благодарение на Ирена и нејзиниот ведар дух. Ирена, уффф… боли оваа вест… многу. Сочувство до Мате, до целата фамилија, до сите кои ја познаваа, се дружеа и се радуваа на нејзиното присуство, напиша тој.

Сочувство до нејзиното семејство изразуваат и од New moment.

-Еден од милион. Нескршлив дух што сите го слушавме и гледавме, секогаш подготвена да поентира со шега, но и да се разберете како луѓе. Тоа беше нашата Ирена. Ќе ни недостасуваш. Многу. Најскрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа, напишаа тие.