ОГРОМНА ТАГА: Ова е 42 годишната Биљана која загина во трагедијата кај Кавадарци

Трагичната сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско, во која животот го загубија Жарко Ристески и Биљана Бунтеска, остави во тага бројни роднини, пријатели и сограѓани.

По веста за трагедијата, на социјалните мрежи се огласи сестрата на Биљана, Катерина Бунтеска, која со емотивна порака се прости од својата сестра.

„Почитувани роднини, пријатели и познаници. Трагично ја загубив мојата сестра Биљана Бунтеска. Телото ќе биде изложено денес на Градските гробишта во Прилеп од 12 до 14 часот. Погребот ќе се изврши во 14 часот. Почивај во мир сестро моја и прати ми сила од таму горе да го издржиме твоето заминување. Непребол мој“, напиша таа.

Ден претходно, Катерина сподели и фотографија од својата сестра, придружена со зборовите:

„Почивај во мир, мој прекрасен ангел. Ми го скрши срцето на парчиња.“