56-годишна свекрва ја нападна снаата – со тешки повреди итно пренесена во болница

Скопјанка 28-годишна пријави физички напад од страна на нејзината 56-годишна свекрва, која ѝ го оштети и возилото.

Од МВР информираат дека вчера во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријави дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар,

нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштети нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извади од возилото и ја турна на земја.

При падот, младата жена се здоби со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.