Денеска времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер (40 km/h) од северен правец, особено во источните делови, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност.
Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.

