Возило излета од патот – има повредени

Тешки телесни повреди здобил 67-годишен жител на Радовиш откако со својот автомобил излетал од коловозот и се превртел на магистралниот пат Неготино–Штип.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 18 јуни околу 16:50 часот.

Патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Р. (67) од Радовиш, излетало од патот и се превртело.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

По извршените проверки, полициските службеници утврдиле дека С.Р. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,50 промили алкохол во крвта.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Штип, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.