Единаесет лица се пренесени во Клиничката болница во Штип по тешка сообраќајна незгода која околу 21 часот се случила на магистралниот пат Свети Николе – Куманово, објави локалната Телевизија Стар.
Според првичните информации, во несреќата учествувале комбе и камион.
Повредените со возила на Итната медицинска помош се транспортирани во Клиничката болница Штип, каде што им се укажува лекарска помош.
На местото на несреќата се врши увид од страна на надлежните служби, а засега нема официјални информации за тежината на повредите и причините за сообраќајката.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

