Тешка сообраќајна несреќа – повеќе лица се повредени

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила вчера на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп.

Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента.

– Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента со физичка регулација – наведуваат од МВР.

На местото на несреќата интервенирале надлежните служби, а сообраќајот во тој дел од патот бил отежнат или привремено во прекин.

Засега нема официјални информации за бројот на повредени или евентуални жртви, ниту за причините кои довеле до несреќата.