По кратко боледување, вчера на 76-годишна возраст почина новинарката Билјана Мартиноска.
Веста за нејзината смрт ја објави ќерка ѝ, Ана.
Мартиноска работниот век го помина во „Нова Македонија“ и беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Таа остави неизбришлива трага во покривањето на темите од културата.
Исто така, Билјана Мартиноска беше важен сегмент во мисијата за „културно описменување“.
Погребот e денеска од 10 часот на гробиштата „Бутел“.


