Трагедија во Македонија: Возач на камион смртно прегазил свој колега пред капијата на фирмата

Во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот на улица Раштански пат во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес.

Возачот С.Д. бил лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција,“ соопштила портпаролката Ана Милевска Георгиева за Дума.мк.

Порталот првично бил информиран од граѓани кои живеат во овој дел на градот дека станува збор за тешка сообраќајна несреќа, која што се случила на околку три метри од влезна капија на фирма, во која возач на камион го прегазил својот колега.