Под влијание на циклонска активност, времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно, облачно, проследено со дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Дневните температури ќе се движат од 25 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.
И утре времето ќе биде нестабилно, облачно, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер и дневни температури од 29 до 37 степени.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

