Уште една опасна ситуација на патиштата е забележана во неделата, на 21 јуни, доцна вечерта на автопатот А1 во Словенија.
Читатели на порталот 24sata.hr снимиле група од пет автомобили со странски регистарски таблички кои, според нивните тврдења, се движеле со голема брзина, притоа загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
„Возеа на делницата Лучко – Бузин и се движеа со брзина од 140 километри на час со отворен багажник“, изјавил читателот.
Како што може да се види на снимката објавена од порталот, багажникот на автомобилот бил отворен, а во него лежел маж со прекрстени нозе, како да се одмора. На друга снимка истиот маж лежел на стомак, додека нозете му виселе надвор од багажникот.
Читателот тврди и дека еден од автомобилите ја заобиколувал колоната возејќи по лентата за принудно запирање, пренесува 24sata.hr.

