Се појави снимка: Се поздрави со него, па му пукаше од зад грб – убиен Дарко Весковиќ – Прика

46-годишниот Дарко Весковиќ, познат како Прика, е убиен вчера попладне во кафуле во белградската населба Кумодраж, а уште едно лице е тешко рането, пренесе Н1.

Според српските медиуми, по пукањето напаѓачот избегал, а полицијата започнала потрага.

Исто така, медиумите објавија дека напаѓачот откако се поздравил со Весковиќ, пукал во него.

Потоа испукал повеќе куршуми и кон уште еден маж кој седел на истата маса.