Македонија денеска влегува во нестабилно попладне, со високи температури, зголемена облачност и услови за локален пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер.
Во поголем дел од земјава температурите во раните попладневни часови ќе се движат меѓу 28 и 34 степени. Најтопло ќе биде во Кавадарци, Скопје, Штип, Струмица и Гевгелија, но токму во дел од овие региони подоцна се очекува брз развој на нестабилна облачност.
За сите региони во Македонија е активно жолто метеоролошко предупредување поради услови за грмежи. Невремињата нема да бидат рамномерно распространети, па во едно населено место може да има пороен дожд, додека само неколку километри подалеку времето да остане суво.
УХМР објави дека попладнево имаше невреме во Пробиштипско – Кочанскиот регион
Во Пробиштипско – Кочанскиот регион имаме нестабилност проследена со интезивни поројни врнежи од дожд , електрични празнења и наместа појава на град.
Југоисточно од Скопје и на падините на Шар Планина имаме појава на слаба нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд и грмежи


