Силно невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Под влијание на циклонска активност од југоисток, денеска се очекува нестабилно време проследено со дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни, со пороен дожд, силни грмежи, засилен ветер и можност за појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени.

Во Скопје се очекува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер, а во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе изнесува околу 17 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.

Од УХМР предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата локално се можни поинтензивни временски процеси со обилен пороен дожд, силен ветер и град.

Во четврток и петок се очекува изолирана нестабилност, додека за време на викендот и во првите денови од следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.