Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки.
Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец.
Сообраќајот е во прекин. Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри.
Прекинот, како што информира „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.

