Американката Мери се сними себеси за TikTok за да им го покаже на луѓето „единствениот лек против комарци“ што навистина делува.
Нејзиниот ентузијазам може да се види во видеото, во кое таа тврди дека комарците ја сакаат. „Една жена напиша рецепт во коментарите, а јас случајно го видов. Ѝ посакувам сè што сака во животот, ви благодарам“, рече Мери, која потоа објасни што да се меша за најдобра заштита од комарци. „Мешав малку екстракт од ванила и цимет со вода. Освен што мириса на вкусно колаче, ова навистина функционира“, рече жената со ентузијазам, советувајќи им на сите да ја пробаат оваа мешавина.
Во коментарите, следбениците додадоа дека хидросолот од вештерска леска е исто така одлична алтернатива на водата за овој рецепт. „Ви благодарам, дефинитивно ќе го пробам“, напиша авторот.

