Тешка сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

Едно лице го загубило животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско,

кај селото Ореовец, а потврда за смртниот случај пристигнала од Итната медицинска помош од Битола.

Поради сообраќајката сообраќајот на тој патен правец беше во прекин неколку часа.