ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски археолог

Почина археологот Методија Ѓуровски – Мето, кој целиот работен век го мина во истражување на локалитетот Стоби.

Од неговото дипломирање на археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1979 година, па до пензионирањето беше на терен во Стоби.

И додека локалитеетот беше дел од Народен музеј Велес и од 2008 кога стана самостоен субјект. Мето таму работеше до 2012 година. Ќе остане запомнет по неговата стручност, ведар дух и посветеност. Три децении ги мина меѓу ѕидините на Стоби.

Роден е 1948 во селото Мачево беровско, каде го затекна и смртта на 78 години живот. Нека почива во мир!