Убиство во Македонија – полицијата со детали

Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на село Летевци, скопско.

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција.

Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69) – информираа од МВР.

Оттаму додаваат дека во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.