Македонската јавност вечерва ја потресе вест што со брзина на светлината се прошири низ социјалните мрежи и медиумите – почина популарниот пејач Владо Јаневски, еден од најпрепознатливите гласови на македонската поп-музика.
Иако тажната информација првично се појави неофицијално, дополнително доби силна тежина по емотивната објава на негова блиска пријателка, која со потресни зборови се прости од него, опишувајќи ги децениите пријателство, доверба и заеднички животни моменти кои, како што вели, повеќе никогаш нема да се повторат.
Во својата објава, таа меѓу другото напиша:
Мојата последна слика со тебе, негде во март тајно моја отровна. Мојот пријател на кој со саати на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува, оној кој се грижеше дали сум извежбала правилно во теретана, оти јас во Скопје, тој во Гевгелија, но заедно вежбавме за здрав живот.
Проклет да е тој живот кај што ќе нема вќе да ми заѕвони телефонот и да ми речеш: до кај си со книгата што ти ја предложив? Каков е тој живот кај што нема да те прашам: што ти е сега, пак ли те зафати твоето “лудило” на непуштање луѓе во твојот живот? Па ќе ми раскажуваш со саати за сè што ти тежи на душата. И така од 2009 та навака. Те видов последно во болница пред една недела, но ќе те гледам секој ден во моите мисли, во душава, додека собира снага да те преживее. Ти си мојот евергрин, мојата религија, дел од мојата животна приказна посчедниве 17 години си ти. И ти секогаш си сега. Никогаш нема да си минато. Ти ми ги даде најдобрите животни лекции. Една од нив беше: живеј сега, бидејќи денес е денот кога сме најмлади од тоа што ќе бидеме некогаш. Прегрни ја вечноста како што мене ме прегрнуваше секпгаш кога ќе ни надојдеа облаци на душата и на двајцата. И знам, некогаш и негде, ќе те сретнам пак … И знам дека што и да е ќе помине, но ти нема да ми шоминеш никогаш…

