Hеверојатна сличност: Се појави ретка фотографија од Владо Јаневски со мајка му Перса

Иако ретко откриваше што го инспирирало при создавањето на своите песни, Владо Јаневски еднаш призна дека постои композиција која секогаш му буди силни емоции. Станува збор за „Што и да е ќе помине“, песна што ја напишал во чест на својот покоен татко.

„Немам навика да ги објаснувам моите песни, но секогаш ми е тешко кога ја пеам „Што и да е ќе помине“, бидејќи е посветена на татко ми“, изјави пејачот на еден од своите концерти.

По смртта на татко му, најголема потпора во животот му била неговата мајка Перса. На социјалните мрежи се појави стара фотографија од неа, објавена како исечок од весник, а многумина забележаа дека Владо ја наследил нејзината физичка сличност.

Пејачот во повеќе наврати зборувал и за својата сестра, која, како што открил, заслужна е што научил да готви. Бидејќи таа имала свое семејство и не сакал постојано да оди кај неа на ручек, решил да научи сам да си подготвува храна.

„Ја прашав: „Сестро, покажи ми како се прават неколку јадења.“ Ме научи да готвам осум различни рецепти, па кога не сум излезен во ресторан или на вечера, си ги подготвувам сам“.

Инаку, по долгогодишниот живот во Скопје, во последните неколку години Владо Јаневски живееше во Гевгелија.