УХМР најави невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА

Под влијание на топла воздушна маса од југ, денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со максимални температури од 31 до 39 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 38 степени, а топло ќе биде и во текот на ноќта.

Според прогнозата, топлотниот бран ќе се задржи до утре, кога попладне се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд.

Од среда ќе има пад на температурите и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа се очекува невреме со обилни врнежи, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од четврток ќе дува засилен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина поголема од 50 километри на час.