По една година министерување, се очекува со веќе долгонајавуваната реконструкција на владата, Азир Алиу да биде сменет од министерската позиција во здравствениот сектор.
Веќе при крај се официјалните преговори за тоа кој се ќе влезе во владата на Христијан Мицкоски, а кој ќе добие чистка во однос на досегашната работа.
Се очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го преземе секторот здравство , а во таа комбинација се споменуваат неколку имиња, како актуелниот директор на Градската болница „8 септември“, Синиша Стојановски, но и актуелниот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Исто така, се врти и името на директорот на Ургентен центар, Игор Мерџановски.
Според некои аналитичари најмногу шанси за нов министер има Сашо Клековски.

