Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека слаби до умерени врнежи од дожд во моментов се регистрирани на повеќе места во западните делови на земјата.
Според најновите радарски податоци, пороен дожд има во околината на Кичево, Велес и Штип, каде врнежите се проследени со грмежи и засилен ветер.
Од УХМР посочуваат дека облачната маса се движи од исток кон запад, што значи дека и во други подрачја е можна промена на временските услови со локални поројни врнежи, електрични празнења и засилен ветер.
На граѓаните им се препорачува внимателност при движење и следење на најновите информации за временската состојба, особено во подрачјата зафатени од невремето.


