Силно невреме со врнежи од дожд и град – УХМР со најнова вест

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека според најновата радарска слика, во Валандово и околината има пороен дожд проследен со ретки грмежи, засилен ветер и наместа можна појава на град.

Во исто време, поинтензивна атмосферска нестабилност е регистрирана и во планинските предели на Гостиварскиот регион, каде локално се очекуваат пообилни врнежи и грмежи.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите информации за временската состојба, бидејќи нестабилното време може да предизвика брзи промени на временските услови во повеќе делови од земјата.