Македонската музичка легенда Владо Јаневски, ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, откако почина по кратко боледување на 66-годишна возраст.
Бројни колеги и пријатели се простија од него, а вчера ѕвездено небо блесна за пејачот пред арената Борис Трајковски, каде бројни фанови запалија свеќи и ги пееја неговите песни.
Една од неговите последни желби, како што неофицијално дознава Независен, е да биде погребан во парчињата облека што ги носеше на настапот на „Макфест“ во Штип, со брош на сакото.
Владо наспапи со „Чаирска романтика“ во 1993 година и го освои второто место, а победи во 1994 година со „Еден бакнеж“.

