Трагедија го потресе регионот: Во страотна несреќа загина младиот фудбалерот Богдан

Голема трагедија ја потресе хрватската спортска јавност откако на само 21-годишна возраст животот го загуби поранешниот фудбалер на хрватскиот клуб НК Омиш, Анте Богдан.

Младиот Богдан загинал во неделата попладне во тешка сообраќајна несреќа додека управувал со мотоцикл на патниот правец меѓу Задар и Карлобаг.

Тажната вест ја потврдија од НК Омиш, каде што Богдан настапуваше во сезоната 2024/2025. Од клубот се простија од својот поранешен играч со емотивна порака.

„Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераното заминување на нашиот поранешен играч Анте Богдан. Анте го носеше нашиот дрес во сезоната 2024/2025, а неговото прерано заминување длабоко нè потресе“, соопштија од клубот.

Во својата објава, од НК Омиш упатија искрено сочувство до семејството, пријателите и сите што го познавале младиот фудбалер.

Смртта на Анте Богдан предизвика бројни пораки на сочувство и тага на социјалните мрежи, каде неговите пријатели, поранешни соиграчи и љубители на фудбалот се простуваат од него, истакнувајќи дека ќе остане запаметен како скромен, добар и талентиран млад човек.