Вечерва во Беровскиот регион избувна пожар во семејна куќа, кој благодарение на брзата и координирана интервенција беше навреме ставен под контрола, со што беше спречено неговото понатамошно ширење.
Во гаснењето учествуваа надлежните служби, како и голем број граѓани кои несебично се вклучија и помогнаа во справувањето со огнената стихија.
Упатуваме искрена благодарност до сите пожарникари, институции, доброволци и граѓани кои со својата пожртвуваност, солидарност и брза реакција придонесоа пожарот успешно да биде локализиран.
Вашата помош и поддршка уште еднаш покажаа дека заедништвото е најсилно во најтешките моменти.
Најважно од сè е што пожарот е ставен под контрола, а се надеваме дека последиците ќе бидат што е можно помали.


