Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.

