Навивачката група „Војводи Тетово“ објави дека Александар Перовски, познат како Аце, ќе биде погребан денес во 12:00 часот на градските гробишта во Тетово.
Во објавата, од групата упатија повик до целото членство да присуствува на погребот и достоинствено да се прости од него.
„Нашиот брат Аце ќе биде погребан утре во 12:00 на градските гробишта во Тетово.
Повик за присуство до цело членство, да го испратиме како што доликува“, стои во објавата на „Војводи Тетово“.
Александар Перовски е роден во 2004 година, а почина во 2026 година.
Неговото заминување предизвика тага меѓу блиските, пријателите и членовите на навивачката група.

