Анкетата што ќе ја размрда политичката сцена: Погледнете колкава е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Новото истражување на јавното мислење на агенцијата Маркет вижн, спроведено по нарачка на МКД.мк, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и натаму имаат убедлива предност пред политичките конкуренти. Анкетата е спроведена од 10 до 27 јуни, на примерок од 1.200 испитаници.

На прашањето за која политичка партија би гласале на следните избори, 20,5 проценти од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е на 6,2 проценти, ДУИ на 5 проценти, Влен на 4,4 проценти, Левица на 2,9 проценти, а ЗНАМ на 1,5 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ

Резултатите покажуваат дека владејачката партија ја задржува големата предност во однос на СДСМ. Кај определените испитаници, односно кај оние што веќе кажале за кого би гласале, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува речиси исто изразена.