Пијан возач прегазил малолетен велосипедист, па избегал од местото на несреќата

Вчера во 17:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот на булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од 15-годишно момче од Охрид и патничко возило, кое не застанало, туку го напуштило местото на незгодата.

Како што се наведува во полицискиот билтен, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

По преземени мерки, полициските службеници го пронашле возилото „фолксваген тигуан“ со охридски регистарски ознаки и возачот М.Д.(65) од Охрид, кој го управувал возилото, а по извршено алкотестирање било утврдено дека има 0,7 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.