НАЈНОВА ВЕСТ: Вечерва изби нов голем пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата.

Со оган е зафатена борова шума, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Тежок пожар има и на територијата на Општина Македонски Брод, на границата со ловиштето Јасен.