Почина 24-годишно момче, телото предадено на обдукција

На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје.

Тој, според пријавеното, имал здравствени проблеми.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.