На скопската обиколница, на делницата во правец кон Смилковци, денеска се случила сообраќајна незгода во која шлепер излетал од коловозот.
Според првичните информации, инцидентот се случил на потегот меѓу клучката Скопје Север и Смилковци.
Во моментов нема официјални информации за повредени лица, ниту се познати причините кои довеле до незгодата.
Надлежните служби се на терен, а се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.
На возачите им се препорачува зголемена внимателност при движење низ овој дел од обиколницата поради можни застои и отежнат сообраќај.

