Иако јули вообичаено важи за еден од најжешките месеци во годината, метеорологот Славчо Попоски најавува дека постои реална можност овој месец да помине без ниту еден изразен топлотен бран.
„Според она што можам сега да го кажам, не се исклучува можноста месецов јули да го поминеме без ниту еден изразен топол бран. Состојбата ја следам!“, објави Попоски.
Доколку ваквото сценарио се оствари, тоа би претставувало значително отстапување од последните неколку години, кога Македонија во текот на јули беше зафатена од повеќе интензивни топлотни бранови со температури над 40 степени.
Сепак, Попоски нагласува дека прогнозите постојано се следат и анализираат, па во наредните денови ќе биде појасно дали стабилното и посвежо време ќе продолжи и во остатокот од месецот.
Граѓаните и понатаму се советуваат редовно да ги следат најновите временски прогнози, бидејќи временските услови можат да претрпат промени.

