Обид за убиство ја потресе Македонија – уапсена жена

Полициски службеници од СВР Велес вчера околу 19 часот ја лишиле од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, поради сомнение дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била приведена и задржана во полициска станица.

Полицијата го пронашла и го одзела предметот со кој е извршено делото, а за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“