Тешка сообраќајна несреќа – повеќе лица повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена на 6 јули околу 17:50 часот, а во неа учествувале патничко возило „БМВ“, управувано од 25-годишниот Е.К. од Визбегово и патничко возило „Сеат Леон“, управувано од 48-годишната С.П. од Бразда.

Во судирот, 25-годишниот Д.С. од Сингелиќ, кој бил сопатник во „БМВ“, се здобил со тешки телесни повреди.

Со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи, како и 24-годишната И.П. од Бразда, која била сопатничка во „Сеат Леон“. Повредите им биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на целосно утврдување на причините за сообраќајната несреќа.