Тешка несреќа со трактор – едно лице итно пренесено во болница

Ноќеска во 20:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.