Македонија во шок: Син си ја претепал мајката – ова е нејзината состојба!

Педесет и четиригодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот син, по расправија за пари во семејниот дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 11 јули во 00:10 часот во Полициската станица Тетово.

Според пријавата, истиот ден околу 21:00 часот, во домот на семејството, нејзиниот син К.В., по претходна расправија околу пари, физички ја нападнал и ѝ нанел повреди.

По нападот, на жената ѝ била укажана медицинска помош во Клиничката болница во Тетово.

Полициските службеници преземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот и за целосно расчистување на случајот.