Според информациите на УХМР, подрачјето на Куманово и околината попладнево е зафатено од поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи.
Невремето се движи од запад кон исток, па во наредниот период се очекува да зафати и други делови од источниот регион.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено за време на грмежите и редовно да ги следат најновите информации и предупредувања од УХМР.


