Педесет и петгодишен скопјанец се здобил со изгореници откако неговото возило се запалило додека било во движење на подрачјето на Чаир.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11 јули 2026 година околу 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.Д. (55) од Скопје, додека го управувал своето возило, забележал пожар кој избувнал за време на движењето.
Возачот успеал навреме да го напушти возилото, но при тоа се здобил со изгореници по телото.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, а повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.

