Откриена е причината за превртувањето на комбито со српски туристи, меѓу повредените има и шест деца!
Страшната сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Котор–Никшиќ во местото Липци, доби нов трагичен епилог и откриена е причината заради која дошло до превртување на комбето.
Според најновите информации од црногорската Управа на полицијата, во оваа тешка несреќа живот загуби 21-годишна девојка, а повредени се вкупно 16 лица.
Како главна причина за трагедијата се наведуваат заморот и поспаноста на возачот. Имено, со мини-бусот управувал 68-годишниот Љ. М. од Котор, кој најверојатно заспал зад воланот пред возилото да удри во камената косина од десната страна на патот и силно да се преврти.
Едно дете итно префрлено во Подгорица
По несреќата во болницата во Рисан првично биле примени 17 пациенти, но за жал, по извршената реанимација, една млада девојка им подлегнала на тешките внатрешни повреди.
Шест деца се повредени во несреќата – едно дете по реанимацијата итно е префрлено во Клиничкиот центар во Подгорица поради сериозноста на повредите, додека останатите пет деца поминале со полесни телесни повреди.
Според изјавата на директорот на болницата, во моментов нема други пациенти кои се во животна опасност.

