Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат во Куманово, пристигна во „Слободен печат“. Претходно видеото го објави серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.
Станува збор за настан кој според нашите информации се случил пред 1 месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција. На видеото девојчето е брутално удирано од три други девојчиња, од кои едното според нашите информации има 19 години, со повеќе шлаканици и клоци. Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“.
Во врска со објавеното видео за кое прашувате ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот по што соодветно ќе ја известиме јавноста, одговорија од МВР за „Слободен печат“.

