Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна синоќа е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на Скопје 1, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него.
Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на државата.
Лазаров беше приведен поради сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега од полициската станица во Кочани преку прозорец.

