Тешка несреќа во Македонија: Возач излетал од пат, итно пренесен во болница

На 13 јули 2026 година, околу 16:10 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во село Ростуше, трицикл „Јамаха“ со италијански регистарски ознаки излетал од коловозот.

Со трициклот управувал Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во село Велебрдо, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.