Тажната вест ја објави фудбалскиот клуб Питу Гули од Крушево.
Со голема тага ја примивме веста за прераното заминување на нашиот поранешен фудбалер Емре Назифи.
Емре засекогаш ќе остане дел од семејството на ФК Питу Гули.
Во овие тешки моменти, упатуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите што го познаваа.
Почивај во мир, Емре.
ФК Питу Гули – Крушево

