УХМР објави мапа: Ќе има невреме – еве во кои делови од Македонија

УХМР за денеска попладне предупредува на локална појава на грмежи, претежно во планинските подрачја.

Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, бидејќи е можна појава на грмотевици.

Се препорачува да се избегнува престој на изложени места, како планини, шуми и отворен терен.

Поради нестабилното време, можни се прекини и отежнато одвивање на активностите на отворено. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.